Манекенка претепана до смрт

Манекенката Владислава Червенка била претепана до смрт во Нови Сад, а нејзиното тело синоќа било пронајдено во населбата Лиман, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата во Нови Сад трага по дваесет и петгодишниот Дарјан М. за кого постојат сомнежи дека го сторил злосторството.

„Во стан на Фрушка улица во Нови Сад, полицијата го пронајде безживотното тело на 25-годишната В.Ќ. на телото биле видливи бројни повреди, а доказите од лице место укажуваат дека убиството се случило во текот на попладнето“ изјави за Танјуг, истражниот судија на Вишиот суд во Нови Сад Мирослав Алимпиќ, нагласувајќи дека трагаат по сторителот.

Жртвата била една од познатите фото-модели која своевремено работела и за бројни модни агенции.

Извор за Блиц потврдува дека убиецот по кого трага полицијата и е познат на полицијата од претходно.

Телото на девојката бил најдено во станот каде што живеела. Точната причина за смртта ќе биде утврдена во Заводот за судска медицина, каде телото е пренесено на обдукција.

Макфакс

погледнете ги следниве статии

Бразилски голман ја убил манекенката која му родила дете и со нејзиното тело ги нахранил ротвајлерите

Леонардо ДиКаприо откачи уште една манекенка

Драган Паравиња осуден на 40 години затвор за убиство на Антонија Билиќ

 

Пронајдете не на следниве мрежи: