Филип Рот престанува да пишува

Еден од најнаградуваните американски книжевници од втората половина на XX век и во моментов најсилниот американски адут за Нобеловата награда за книжевност, реши повеќе да не се занимава со пишување, пишува во британскиот весник The Guardian.

Своето пензионирање од литературата, Филип Рот го најавил во октомври во едно интервју за малотиражниот француски весник Les Inrocksшто мина незабележано во јавноста, во кое изјави дека неговиот роман „Nemesis“ објавен во 2010 година е неговата последна книга, пишува The Guardian
„Да ви кажам, готов сум“, изјавил Рот во интервјуто за францускиот весник, нагласувајќи дека веќе три години ништо не напишал бидејќи наполнувајќи 79 години сфатил дека повеќе нема премногу време, па се одлучил својата енергија да ја насочи на повторно читање на најомилените книги, како и на сопствените романи. “Сакав да видам дали со пишувањето само без врска сум го потрошил времето“, изјави Рот.
„Заклучив дека сум бил прилично успешен. На крајот од својот живот боксерот Џо Луис изјави дека на најдобар можен начин го искористил она со што располагал. Токму тоа истото би можел да го кажам и за својата оставина: ‘Направив најдобро што можев со она што го имав’“, вели во интервјуто Филип Рот. Животот го посветил на пишувањето на штетана сѐ друго, но сега е доволно вели …„Повеќе не го чувствувам истиот фанатизам кон пишувањето, како што го чувствував претходно“, додава американскиот писател.
Син на американски Евреи од Њуарк во државата Њу Џерси, Филип Рот своето литерарно деби го имал во 1959 година со збирката раскази „Збогум Колумбо“, но меѓународната слава ја стекна со романот „Болката на Портној“ од 1969 година.
Еден е од најголемите живи американски романописци.

Пишува изразено автобиографски, надминувајќи ги границите меѓу стварноста и фикцијата.

Неговите романи критиката ги оценува како провокативни истражувања на еврејскиот и американскиот идентитет.

Филип Рот е добитник на многу награди и признанија, меѓу кои двапати на една од најпочитуваните американски книжевни награди National Book Award, наградата на Здружението на американскиот книжевни критичари National Book Critics Circle award, а добитник е и на три награди на фондацијата PEN/Faulkner, именувана по Вилијам Фолкнер американскиот нобеловец за 1949 година.

Во 1997 година Рот ја доби престижната Пулицерова награда за делото „Американска пасторала“, а во 2011 година наградата Man Booker, додека за „The Human Stain“ во Велика Британија е награден со признанието WH Smith Literary Award за најдобра книга на годината, а во 2012 година во Шпанија му беше доделена наградата на фондацијата Principe de Asturias за големиот придонес во американската книжевност.
Како што вели, во последно време се занимава со обидите да ја убеди онлајн енциклопедијата Википедија да му дозволи да ги исправи неточните податоци за тоа што го инспирирало за неговиот роман „The Human Stain“ од 2000 година.

Во септември 2012 година ѝ упати отворено писмо на интернет енциклопедијата преку магазинот New Yorker, откако од Википедија беше одбиен како веродостоен извор.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Обама и Визел пишуваат книга

Антологија на македонската поезија на украински јазик

Позитивни реакции на поезијата на Маџиров во Британија

Пронајдете не на следниве мрежи: