Хоспитализирана Линдзи Вон

Американската скијачка, Линдзи Вон, во вторникот била примена во болницата во Вејл, од засега непознати причини.

Портпаролот на најдобрата светска скијачка, актуелната победничка во Светскиот куп, Луис Кејл, потврдил дека таа е хоспитализирана, не откривајќи повеќе детали.
Вон го пропушти слаломот во финскиот Леви, кој се одржа изминатиот викенд, со цел подобро да се подготви за претстојната турнеја по САД. Таа, поради болест, откажала гостување на еден промотивен настан во Вејл.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: