Пет жртви од невремето во Италија

Loading...

Пет лица ги загубија животите во големото невреме Италија, кое во текот на викендот го погоди северниот и централниот дел на Апенинскиот полуостров, а спасувачите и јавните служби продолжуваат да се справуваат со последиците, јави во вторникот агенцијата TMNews.

Како резултат на обилните дождови, многу од италијанските градови се поплавени, особено Венеција на јадранскиот брег, а во голем број области е регистрирано лизгање на земјиштето. Најтешко погодени се регионите Лигурија, Венето и Тоскана, каде што и до понеделникот навечер беше на сила највисокото ниво на опасност. Од стихијата погоден е регионот Лацио, каде поројните дождови, исто така ги поплавија улиците на неколку градови.
Првите жртви на природната стихија беа двајца постари мажи од Тоскана, од кои едниот во понеделникот со својот автомобил паднал во канал, а другиот загинал во неделата вечер, кога се симнал во подрумот од неговата куќа, да провери дали е поплавен.
Уште три лица, двајца мажи и една жена загинале во вторникот во гратчето Манчиано, во провинцијата Гросето при уривање на мост. Сите три жртви биле вработени на водечката италијанска енергетска компанија „Enel“.
Според временските прогнози, во среда и четврток поројниот дожд ќе се придвижи кон јужниот дел на земјата, а може да ги зафати и островите Сардинија и Сицилија.

Макфакс

 

loading...
Loading...