Криумчареле цигари во мртовечки сандаци

Loading...

Бугарските цариници откриле во понеделникот во мртовечки сандаци криумчарени цигари наменети за бугарскиот и европскиот пазар, соопшти во вторникот директорот на царинските служби Вању Танов.

Цигарите биле ставани во сандаците и пота транспортирани со лажни амбулантни и мртовечки возила, изјави Танов за бугарската јавна телевизија БНТ.
Запленетите цигари се во вредност од 8 милиони лева, односно четири милиони евра. Според Танов, организаторите на овој вид шверц на цигари најверојатно се на „високи позиции“.
Станува збор за непознати марки цигари коишто најверојатно се произведени во Дубаи, и доколку по експертизата не биде востановено кој е нивниот производители, Бугарија за помош ќе се обрати до европските институции.
Според најновите истражувања, 15 отсто од цигарите купени во Бугарија доаѓаат од црниот пазар, додека во 2010 година таа бројка изнесувала 30 отсто.
Во Бугарија којашто има 7,4 милиони жители, 44 отсто се пушачи, што е втората најголема стапка зад Грција.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Царината заплени лекови, ловечка муница, цигари, текстил и фалсификати

“Кафе и цигари”-Џим Џармуш

Цигарите влијаат и на вашиот сон

loading...
Loading...