67 европратеници бараат укинување на летното сметање на времето

Група од 67 пратеници во Европскиот парламент бараат од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повторно да се разгледа укинувањето на летното сметање на времето.

Пратениците во писмото предупредуваат дека ваквата практика е опасна по здравјето, вклучително и зголемен ризик од срцев удар и сообраќајни несреќи, пренесуваат светските медиуми.
Во 2018 година, 84 отсто од 4,6 милиони европски граѓани кои учествуваа во истражувањето изјавија дека се против менување на часовникот.
Иако ЕП го поддржа предлогот за укинување на оваа практика во март 2019 година, тој сè уште не е променет.

Пронајдете не на следниве мрежи: