Најскапото сирење во светот е направено од млекото на магаре

Чудно, но вистинито. Сирењето кое познато под името ’’пуле’’, е новиот предизвик за сите оние љубители на добрата храна.

Произведувањето на ова сирење и млеко се дел од фармата за магариња во Засавица, соседна Србија, место кое од неодамна стана прпознатливо по овој нов вкус во нашата исхрана.

Имено за да се произведе еден килограм од  ова сирење се потребни околу 25 литри на свежо млеко од магаре, со што и не е ни чудно зошто ова сирење го понесува епитетот на најскапо сирење на светот.

Вкусот на сирењето се опишува како вкус сличен на шпанското manchego сирење, но со подлабок и побогат вкус.

Воедно покрај понудата од нов извондреден вкус, би ја имале можноста да си дозволите и флаширано пакување на ова млеко добиено од магаре.

Секако епитетот најскапо сирење го носи и заради слатката цена. Ова задоволство би ве чинело 1273 евра.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги следниве статии

 Со Pepsi против дебелеење

 

 

 

 

 Најнов изум: алкохолни сендвичи

 

 

 

 

 

 9 годишно дете украло 3000 евра за да си купи слатки

Пронајдете не на следниве мрежи: