“SeaOrbiter” бродот кој ќе ве одведе во длабочините на океанот

Едно од неверојатните чуда кои би произлегле од светот на технологијата “SeaOrbiter” – бродот кој е најавен пред 12 години, сега е на чекор од своето остварување да стане стварност.

По првобитното претставување овој проект беше само сон, претставен во големо светло, но премногу бргу згаснат заради недоволен број на финансиски средства.

Меѓутоа, во меѓувреме и тој факт го најде своето решение, пришто “SeaOrbiter” би требало да го видиме завршен кон крајот на оваа година.

Овој неверојатен брод ќе биде видок 51 метар, а како стабилизација на оваа ’’станица’’ ќе служи дел од неговата половина која ќе биде константно под вода.

Покрај неговиот изглед како од некој научно-фантастичен филм, оваа ’’станица’’ ќе биде 100% самоодржлива, Користејќи ги благодетите на природата како соларна енергија, силата на ветерот и брановите, а доколку тоа не би бил соодветен план тука е секако и планот Б, односно употребата на биогориво.

Изградбата на бродот од соништата е веќе започната со финансиска инвестиција од 52,7 милиони долари, пришто покрај луксузот и невообичаеното искуство што ќе го нуди овој брод, тој ќе биде и дел од истражувањата на научниците кои се занимаваат со глобалното затоплување и подводниот свет на планетата земја.

 

Погледнете ги следниве статии

 Целосно помрачување на Сонцето на северот на Австралија

 

 

 

 

 Московскиот Mercury City со своите 338 метри е највисокиот облакодер во Европа

 

 

 

 

 Hi-Tech Папа – Benedikt XVI и неговиот профил на Twitter

Пронајдете не на следниве мрежи: