Во Босна и Херцеговина продава тигри, лавови, рисови, пустински лисици…

Loading...

“Имам шест млади тигри, четири млади пустински лисици и четири млади рисови за продажба”, пишува во босански интернет огласник. 

Огласот е објавен од човек од Босански Петровец. Кај него можат да се најдат и јагуари, леопарди, црни пантери, лавови, сибирски и бенгалски тигри итн. Додава дека животните имаат вграден чип. Ги продава за околу 1400 евра по “парче”, а на оние кои сакаат да купат повеќе животни, им нуди попуст.

– “Ваквите огласувања за продажба на животни се противзаконски, овде не може да постојат никакви легални документи.” – изјавиле од Здружението за заштита на животни. Нагласиле дека тие животни противзаконски се внесени во земјата. Не поминале низ ветеринарна инспекција, па затоа постои опасност од пренесување на опасни болести. 

Меѓутоа, по илегалната препродажба на оружје и дрога, во БиХ одлично се заработува и со трговија со егзотични животни. Не знае колку вакви препродавачи постојат во БиХ, затоа што не постои никаква евиденција. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

5 дена со вибратор од 23см во себе

Ја тужел жена му затоа што била грда

Бизарно: Се оженил со сестрата на својата сопруга, сведок му било нејзиното мртво тело

loading...
Loading...