Не е апокалипсата, но нешто се спрема во 2012

Loading...

Познатиот блогер Lon Strickler одлучил да ја зголеми својата популарност, па на својот блог објавил дека на крајот на 2012 година сепак треба да се случи нешто. 

Овој истражувач на паранормалните активности направил сериозна студија и заклучил дека на крајот на оваа година не чека шокантно откритие. 

Имено, блогерот за сега сакал да остане дискретен и да не крева непотребна паника, но тврди дека причини за паника и тоа како имаме. Меѓутоа, се одлучил да молчи затоа што исходот на целокупната ситуација воопшто не зависи од “обичните луѓе”, туку од војската и политичарите на чии одлуки е тешко да се влијае. 

За додатно да ја “зачини” приказната, Strickler вели дека станува збор за резултати од исцрпно истражување, а откритието е дека на Земјата постои нов вид.

Овој нов вид на изглед делува сосема идентичен како човекот, но е од вонземско потекло. Какви последици ќе има ова сеуште не е познато, но Strickler додава дека не се работи за мрачни предвидувања и кревање непотребна паника, туку за чисти докази на кои тој предупредувал со години. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Вонземјани полнат гориво на сонцето?!

НАСА одговори на видеото за вонземјаните

Едномесечно бебе оди и испушта оган од својата уста

loading...
Loading...