Двајца загинати, десетина повредени во железничка несреќа во Црна Гора

Loading...

Две лица загинаа, а над дваесет се повредени во тешка железничка несреќа што во вторникот попладне се случи во Црна Гора, јавија локалните медиуми.

До несреќата дошло кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пругата помеѓу Мојковац и Бијело Поље.
Според првичните информации, загинале двајца работници на новосадската компанија „Згоп“, која била ангажирана на поправки на пругата.
Во општата болница во Бијело Поље згрижени се 28 повредени патници, од кои четворица се потешко повредени, јави весникот „Вијести“.
Истрагата за несреќата е во тек, а сообраќајот е во прекин.

Макфакс

 

loading...
Loading...