Близу 100 починати во епидемија на жолта треска во Дарфур

Околу 100 лица починаа во последните недели од епидемија на жолта треска во Дарфур, регион каде што е оневозможен пристап на медицински екипи, објави во вторникот Светската здравствена организација.

Болеста која што ја пренесуваат комарците се прошири во западниот дел на оваа затурена покраина, но поголемиот дел од смртните случаи се регистрирани во централниот дел на Дарфур, соопшти WHO.

Дарфур беше поприште на жестоки судири од 2003 година, кога изби бунтот против централната влада во Картум, која бунтовниците ја обвинија дека го запоставува Дарфур и дека неарапското малцинство го исклучила од власта.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: