Контролен меч на Македонија со Словенија, селекторот бара победа

Loading...

Македонската фудбалска репрезентација, во среда, на „Филип Втори“, ќе одигра контролен меч со соодветната селекција на Словенија.

Селекторот Чедомир Јаневски за оваа средба смета на 19 фудбалери, меѓу кои ги нема Пандев и Новески, кои беа ослободени од обврските по барањата на нивните клубови, како и Глигоров, Гергиевски и Тричковски кој откажа во последен момент поради повреда.
Дел од националниот тим нема да бидат ниту Ристиќ и Попов, играчи кои поради недисциплина беа отстранети од тимот непосредно пред мечот со Србија, но како што селекторот рече нивното неповикување било од спортски, а не дисциплински причини, бидејќи очекувал многу повеќе од нив во првите три квалификациски натпревари.
Мечот со Словенија ќе биде добра можност Јаневски да испроба неколку нови играчи: Јаховиќ, Ристевски, Цикарски, Блажевски, Тодоровски.
Предводникот на ‘црвено-жолтите’ и покрај измените кои мора да ги направи во составот, најави дека неговите избраници ќе играат на победа.
„Очекувам тежок меч, Словенија е квалитетна, котира високо на ФИФА листата, има играчи кои настапуваат во првенствата на Германија, Холандија, Италија. Ние не смееме да се поставиме како за пријателски натпревар, ќе се обидеме да победиме. Само така ќе имаме континуитет“, вели Јаневски. Селекторот информира дека против Словенците по едно полувреме ќе бранат Пачовски и Богатинов, додека капитенската лента ќе ја понесе Грнчаров.
Мечот помеѓу Македонија и Словенија ќе започне во 18 часот.

макфакс

loading...
Loading...