Според изјавата на Олифант, таа не ни помислила дека ќе и се случи тој неверојатен настан кој за малку и ќе претставувал кобна причина за нејзиниот живот, откако качувајќи се на ридот на кој се надевала дека ќе добие сигнал за својот мобилен телефон се со цел да го направи потребниот повик, се нашла обвиткана и нападната од шест змии.
Малиот момент на невнимание бил сосема доволен и фатален пришто шест змии ѕвечарки ги обвиткале нејзините нозе. Почуствував некакво скокоткање, погледнав надолу и видов шест змии обвиткани околу мене.
Ѕвечарките и нејзините пет младенчиња сериозно го загорозиле животот на оваа девојка, затоа што отровот со неверојатна брзина навлегол во нејзиниот крвоток.
’’Започнав да гледам мали црни точки. Почуствував како видот ми за замаглува. На скала од 1 до 10, болката која ја почуствував е 45’’, додава во својата изјава оваа несреќна девојка.
Вера помислила дека тоа е нејзиниот крај и дека наскоро ќе умре. Сепак брзата интервенција и реакција се причината за нејзиното преживување.
За прочистување и неутрализирање на нејзината крв биле потребни цели 24 шишенца противотров, со што лекарите се надеваат дека веќе следната недела девојката во потполност ќе заздрави.Тинејџерката Вера Олифант од Калифорнија, е девојчето кое успеа да преживее каснувања од шест змии ѕвечарки.Според изјавата на Олифант, таа не ни помислила дека ќе и се случи тој неверојатен настан кој за малку и ќе претставув