Пачовски одбрани пенал, Јаховиќ со одлично деби, прв гол за Тасевски, Блажевски се наметнува, Ибра во „СВОЈ СТИЛ“… СЛОВЕНИЈА ПАДНА!!!

Македонската сениорска фудбалска репрезентација во одличен натпревар ја совлада селекцијата на Словенија со 3-2 во пријателскиот натпревар што се одигра на „Националната Арена Филип Втори“.

Се можеше да тргне онака како што никој не сакаше во нашиот национален тим, кога во 9-тата минута од мечот беше доделен пенал за Словенија, Томе Пачовски „ХЕРОЈ“ за нашиот тим и го одбрани пеналот кој го изведе Куртиќ.

Дарко Тасевски го отвори резултатот во 27-мата минута од мечот кога при една нафрлена топка во шеснаесетникот на Словенија, Адис Јаховиќ одлично ја спушти топката која беше убава шанса за Тасевски да го постигне својот прв гол во нашата селекција.

Во 35-тата минута повторно Јаховиќ опасен за противничкиот тим, при убава контрола на топката и добар шут ја погоди стативата. Конечно, крунисана одличната игра на нашиот дебитант, во 41-вата минута токму Јаховиќ стрелаше за водство од 2-0 и тоа беше резултатот при првиот дел на мечот.

Во вториот дел од натпреварот мало опуштање во играта на нашиот национален тим а тоа го искористи Печниќ во 49-тата минута кој намали на 2-1.

Многу брзо нашата селекција се врати во позитива од два гола, за тоа се погрижи Агим Ибраими кој го постигна третиот гол редоследно на последните три натпревари, стрелаше во 51-вата минута за водство од 3-1, го „начека“ голманот на словенската репрезентација Хандановиќ на „спиење“.

Во 64-тата минута од мечот повторно Печниќ стрелаше за селекцијата на Словенија и само го ублажи поразот на 3-2, така гласеше и конечниот исход од мечот.

За нашата селекција ова е јубилејна победа, ја забележавме 50-тата победа на меѓународните натпревари.

Фото: www.b92.net (архива … Македонија-Србија 1-0)

ПУЛС24 СПОРТ

 

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Никој не славеше со Суарез за постигнатиот гол

 

 

 

 

Фото: Дориан Бабунски во дресот на Реал Мадрид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видео: Дурант го поздрави Валанчиунас, „ЗАКУЦА“ преку него!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: