Анализа: Одличната игра крунисана со три голови, „ОВА Е ПОБЕДНИЧКИОТ ТИМ“!!!

Македонија одигра одличен натпревар против селекцијата на Словенија, натпревар кој го добивме со резултат 3-2, натпревар без повеќе стандардни репрезентавивци, но, се забележува дека тимот сепак не зависи од еден или двајца репрезентативци, тимската игра повторно на одлично ниво.

Одличен меч на кој видовме извонредни индивидуалци кои помогнаа во креирањето на акциите.

Можеме со сигурност да ги истакнеме Томе Пачовски кој одбрани пенал при резултат 0-0, Бобан Грнчаров одличен во своите дефанзивни задачи, во средината на теренот „царуваше“ Агим Ибраими кој ја продолжи „голеадата“ погодувајќи три пати по ред редоследно на последните три натпревари за Македонија, Мухамед Демири како и секогаш одигра на нивото со голема пожртвувана игра на средината од теренот, Дарко Тасевски погоди и го постигна својот гол-првенец за нашата селекција, и она што се разбира остави голем впечаток е тоа што Македонската фудбалска селекција доби одличен шпиц-играч кој знае да се снајде во противничкиот шеснаесетник, Адис Јаховиќ, импресивен податок за него од овој меч кој вели една асистенција за гол, еден гол и една статива, податок кој е ретко виден кај нашите репрезентативни напаѓачи. Не смееме да ги заборавиме Ферхан Хасани кој претрча многу на овој меч и одигра одлично, и секако тука е и Дејан Блажевски кој потврди дека располага со огромен фудбалски квалитет и ќе биде добра можност за освежување на репрезентацијата во секој момент кога ќе биде потребно. Сума-суманито, селекторот Јаневски одлично си ја заврши својата работа, тактиката на место, играчите одбрани и селектирани успешно, резултатот си дојде сам по себе.

Тимската игра ја красеше нашата селекција, добри бевме речиси на сите позиции од играта на мечот со Словенија, сепак, мора да се потенцира дека имаше мал пад во играта на почетокот од второто полувреме каде примивме гол при невнимание, притоа мора да се нагласи и паничната реакција во одредени моменти од натпреварот каде им дозволивме на Словенците да дојдат до шанса за реализација, сепак, ова е добра увертира за претстојните дуели, победничкиот дух е со нашата селекција, тимскиот дух исто така, и она што остави впечаток од дуелот со Србија, МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НИТУ ЗАВИСЕЛА, НИТУ ПАК ЌЕ ЗАВИСИ ОД ЕДЕН ИЛИ ДВАЈЦА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ.

 

Фото: „НоваМакедонија“

Видео:„МРТ“

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Фото: Како хрватот Карловиќ му честиташе на Џоковиќ

 

 

 

 

Шокантно: Меси му удрил „шлаканица“ на Виља?!

 

 

 

 

Пачовски одбрани пенал, Јаховиќ со одлично деби, прв гол за Тасевски, Блажевски се наметнува, Ибра во „СВОЈ СТИЛ“… СЛОВЕНИЈА ПАДНА!!!

 

 

 

 

Федерер: Наскоро нема да има разлика меѓу терените на трева и земја

 

 

 

 

 

 

Лавеци играл ПЕС со мафијашите

Пронајдете не на следниве мрежи: