Фудбалерот на Арсенал Сеад Хајровиќ во интервју за „Пулс24“: Сеуште имам време да размислам за Македонија!!!

Има 19 години, роден е во Швајцарија. Фудбалската кариера ја започнува во младите категории на швајцарски Грасхоперс, а веќе во 2009-тата година е забележан од квалитетните скаути на Арсен Венгер и е повикан во Лондон каде и пристапува на тамошниот клуб Арсенал. На репрезентативен план, има одиграно 6 натпревари за Швајцарската репрезентација за играчи до 17 годишна возраст, и 2 натпревари за Швајцарската репрезентација за играчи до 19 годишна возраст.  Позајмен е во тимот на Барнет каде веќе забележа 10 настапи во Англиската Лига 2.

Еден од трите трансфери кои се реализираа во селекцијата на Швајцарија за играчи до 17 годишна возраст по Светскиот куп во Нигерија, што се одржа пред две години, беше и токму трансфер на Сеад Хајровиќ во тимот на Арсенал, инаку освојувач на купот беше репрезентацијата во која настапуваше токму Сеад Харјовиќ.

Интересна е приказната околу Хајровиќ и неговото префрлање во тимот на Арсенал, тоа всушност ја исфрла на виделина целата професионалност која ја водат големите тимови во однос на младите и надежни перспективни фудбалери.

Имено, тимот на „Топџиите“ уште во 2006-тата година го забележале Хајровиќ и неговите потенцијали, тие веднаш алармирале во тимот, и понатаму започнува сериозно следење на Хајровиќ, прогресот на младиот Сеад го следел и скаутот Стив Роули кој бил испратен токму по таа задача од тимот од Лондон.

По големиот негов подвиг во неговата кариера префрлајќи се во Арсенал, Хајровиќ дава изјава дека Јохан Џуру и Филип Сендерос биле негова голема инспирација за префрлање во Англија на 16 годишна возраст.

Она што е најинтересно за Македонската спортска јавност е тоа што неговите родители се од прилепското село Десово.

Ова беше и повеќе од повод за спортската редакција на „Пулс24“ се обиде да стапи во контакт со Сеад Хајровиќ и се обиде да направи интервју со талентираниот фудбалер. Тој со задоволство го прифати нашето барање за интервју, спортската редакција на „Пулс24“ изразува јавна благодарност за ова талентирано момче кое уште на 19 годишна возраст покажува голема зрелост и спортски дух.

Пулс24 – По двете сезони во резервите на Арсенал, се префрли во Барнет на позајмица, тим кој се натпреварува во Англиската Лига 2, дали Есад еден ден би можел да биде дел од првиот тим на Арсенал, има ли големиот стратег Венгер таква идеа?

Сеад Хајровиќ: Да, тоа е точно, играв неколку сезони за резервите и барав поголем предизвик, повеќе шанса за докажување и повеќе искуство во прв тим, тоа беше причината зошто си отидов на позајмица и беше добра позајмица, морам да почувствувам како изгледа сето тоа. Се надевам дека сум во плановите на Венгер, сигурен сум, така да ќе го чекам повикот.

Пулс24- Дали имаш посебен клуб во кој еден ден би сакал да заиграш, и некој фудбалер со кој би сакал еден ден да бидете заедно во ист тим?

Сеад Хајровиќ: Арсенал е и ќе биде еден од моите најомилени тимови, го сакам клубот, клубските објекти се неверојатни, тренинг-центарот е одличен и тренерите исто така се навистина добри. Ние играме неверојатно добар фудбал. Би сакал да играм со или против Меси и Роналдо бидејќи тие се најдобрите фудбалери во моментов и би сакал да видам дали би можел да играм против нив.

Пулс24 – Имаш ли некои информации околу Македонскиот фудбал, некој Македонски фудбалер кого го знаеш најдобро?

Сеад Хајровиќ: Морам да бидам искрен овде, навистина ми е жал поради тоа, но немам доволно познавање околу Македонскиот фудбал.

Пулс24- Интересно е тоа што си Босанец, настапуваш за Швајцарската репрезентација, а твоите родители се со потекло од Македонија, дали дефинитивно Сеад Хајровиќ ја одбра Швајцарија за своја репрезентација или сеуште има опција за останатите две?

Сеад Хајровиќ: Да, тоа е точно. Сега за сега не би можел да кажам за кого би играл во иднина или за која репрезентација би сакал да играм, сеуште имам време доволно добро да размислам за тоа прашање.

Спортската редакција на „Пулс24“ му посакува успешна фудбалска кариера на младиот и талентиран фудбалер Сеад Хајровиќ со надеж дека еден ден би го виделе во Македонската фудбалска репрезентација, заедно со Столе Димитриевски, Дарко Велковски, Филип Давидовски, Мумин Нуриши, Дориан Бабунски, Давид Бабунски… ДРИМ ТИМ, СЕ СОГЛАСУВАТЕ?

 

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Фото: Како хрватот Карловиќ му честиташе на Џоковиќ

 

 

 

 

Шокантно: Меси му удрил „шлаканица“ на Виља?!

 

 

 

 

Пачовски одбрани пенал, Јаховиќ со одлично деби, прв гол за Тасевски, Блажевски се наметнува, Ибра во „СВОЈ СТИЛ“… СЛОВЕНИЈА ПАДНА!!!

 

 

 

 

Федерер: Наскоро нема да има разлика меѓу терените на трева и земја

 

 

 

 

 

 

Лавеци играл ПЕС со мафијашите

Пронајдете не на следниве мрежи: