Прославениот шпански тенор Пласидо Доминго ќе биде именуван за амбасадор на добра волја, при Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (Унеско), соопштено е во средата од оваа организација.
Оваа титула му се доделува во знак на признавање за „исклучителна музичка кариера“, непроценетата поддршка на младите оперски пејачи, како и посветеноста на вредностите и идеалите на Унеско“, се истакнува во соопштението.
Доминго (71), кој има настапувано во најпрестижните оперски куќи ширум светот, од миланска Скала до њујоршки Метрополитен, официјално ќе биде прогласен за амбасадор на свеченоста закажана за 21 ноември.
Основна задача на амбасадорите на добра волја на Унеско е да помагаат во привлекување на вниманието на јавноста на работа на агенцијата на полето на образованието, науката , културата и комуникациите.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: