Албанската полиција заплени 300 кг. марихуана во пристаништето Драч

Loading...

Албанската полиција во средата вечер заплени 300 килограми марихуана во пристаништето Драч, јави дописникот на Макфакс.

Според полицијата, дрогата била откриена во моментот кога камион со албански регистерски таблички од Тирана, бил контролиран пред да влезе во траектот кој од Драч требало да плови кон италијанскиот град Бари.
Во акцијата бил приведен и возачот, инаку албански државјанин Лутфи Бунази од околината на Пешкопеја.
Албанската телевизија „Топ ченел“ јави дека еден моторен чамец кој пловел од Албанија со 1,5 тони дрога бил следен од италијански полициски хеликоптер и во близина на пристаништето Мафредониа бил запрен. Телевизијата соопшти дека во чамецот била превезувана марихуана.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Белгијци уапсени на Градиште за поседување на марихуана

Запленет еден тон марихуана на албанско-грчката граница

Запленети над 160 кг. марихуана кај Игуменица

loading...
Loading...