Линдзи Вон пуштена од болница

Американската скијачка, Линдзи Вон, ја напуштила болницата во Вејл, Колорадо, каде пред два дена беше примена поради болки во стомакот.

Портпаролот на најдобрата светска скијачка, Луиј Кеј изјавил дека сеуште не се знае кога Вон ќе може да му се врати на скијањето.
„Линдзи се одмара во својот дом. Лекарите и натаму се обидуваат да утврдат која е точната причина за нејзината болест, за среќа таа добро реагираше на терапијата која ја доби“, рекол Кеј.
Следните трки во Светскиот куп се на 24 и 25 ноември во Аспен, каде на програмата се велеслалом и слалом, а потоа следуваат трките во брзите дисциплини во Лејк Луис, место каде Вон ги има забележано своите најголеми победи во Светскиот куп.
Техничарот на актуелната победничка во Светскиот куп, Хајнц Хемерле, изјавил дека, Вон пред да биде хоспитализирана, два или три пати била во болница поради болки по целото тело.
Сепак, откако Вон е пуштена од болницата тој не сакал да даде никаква изјава.
Исто така, Хермеле истакнал дека Вон нема тренирано уште од отворањето на сезоната и велеслаломот во Зелден, во која таа не ја заврши втората трка. Таа трка беше на програмата на 27.октомври.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Хоспитализирана Линдзи Вон

Алпинистката Арсова избрана меѓу 17-те надежни спортистки од Стејт департментот

Антонија Мишура е прогласена за најубавата спортистка на Олимпијадата во Лондон

Пронајдете не на следниве мрежи: