Лазаров гостува кај Шундовски и Ангеловски

Натпреварот помеѓу Констанца и Атлетико Мадрид ќе го отвори петтото коло во ракометната Лига на шампиони.

Дуелот во Романија ќе биде директно соочување на македонските репрезенти во елитното натпреварување, Звонко Шундовски и Бранко Ангеловски (Констанца) со Кире Лазаров (Атлетико Мадрид).
Двата тима по четири коло, во Б групата, имаат идентичен скор од една победа и три порази. Натпреварот е исклучително важен за актуелниот европски вицепрвак Атлетико, кој со евентуален пораз драстично ќе си ги намали шансите за пласман во Топ 16 фазата.
Покрај натпреварот Констанца-Атлетико, во четврток, ќе се одиграат и две средби во рамките на Д групата: Берлин-Загреб и Динамо Минск-Шафхаузен.
Дербито на петтото коло во Лигата на шампиони, ќе се одигра во недела, во Скопје, кога силите ќе ги одмерат двете непоразени екипи во Ц групата, Металург и Киелце.

Макфакс

погледнете ги следниве статии

Ивано Балиќ му се придружи на Лазаров во Атлетико Мадрид

Кире Лазаров го предводеше Атлетико до нова победа

Кире Лазаров: Португалија не треба да се потцени

Пронајдете не на следниве мрежи: