Аукциската куќа Sotheby’s во вторникот во Њујорк го имаше најдоброто наддавање во својата 268-годишна историја, а „ѕвезди“ беа делата на современите уметници Марк Ротко и Џексон Полок, продени за 75, односно 40 милиони долари.
Остварувајќи импресивна продажба во висина од 375 милиони долари (300 милиони евра), аукцијата на повоената и современата уметност на аукциската куќа Sotheby’s го постигна најдобриот резултат на оваа институција во нејзината речиси три вековна историја, што укажува на многу активниот и заинтересиран пазар за врвната уметност, по неговото релативно брзо заздравување од глобалната финансиска криза во 2008 година.
Едно од делата од провокативната серија „Без наслов (свештеник) на британскиот уметник Френсис Бекон, настанато околу 1954 година, коешто прикажува свештеник кој вреска, е продадено за речиси 30 милиони долари, делото на Вилијам де Кунинг е продадено за 20 милиони долари, а дело на Герхард Рихтер е продадено за 17,4 милиони долари.
Меѓутоа апсолутни рекордери на аукцијата се ремекделото на „No. 1 (Royal, Red and Blue)“ на Марк Ротко и сликата „Number 4, 1951“, на Џексон Полок.
Делото на Ротко, првично проценето меѓу 35 и 50 милиони долари, беше продадено за 75 милиони долари, што претставува втора највисока цена постигната на наддавање за дела на овој уметник, доаѓа од збирката во која се наоѓало од 1982 година, па оттаму претставуваше ретка можност за трагачите по скапи уметнички дела.
Делото на Полок, исто така од приватна збирка, и првично проценето на 25 до 30 милиони долари, ја достигна цената од 40,4 милиони долари, надминувајќи ги сите досегашни рекорди за овој уметник.
„Сакате доказ дека пазарот е среќен, здрави сите, еве ви го“, изјави директорот на глобалниот оддел за современа уметност на Sotheby's, Tobias Mejer.
Меѓу другите ѕвезди на аукцијата „Suicide“ на Едни Ворхол е продадено за 15,2 милиони долари, а „Shenandoah“ на Франц Клајн постигна цена од 9,3 милиони долари што е нов рекорд за дело од овој уметник.
Сезоната на аукции на повоената и современа уметност продолжи во средата навечер во другата голеам аукциска куќа Christie's.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Партитурите на Бетовен продадени за повеќе од 250.000 евра
Фотографии на Хичкок на аукција
Слика на Рихтер на аукција продадена по рекордна цена
Пронајдете не на следниве мрежи: