Збор два за вотката

Русите тврдат со помош на водката добиле многу војни на најразлични фронтови. Ова се најинтересните факти за вотката кои можеби ќе ви бодат познати, можеби и не…

1. Водката е најчистиот алкохолен пијалок во целиот свет, затоа што содржи најмалку фузелово масло. Пак да ве лажат дека е штетна. 🙂

2. Московската Osobaya Vodka е патентирана во 1894 година. Денес се води како бренд во алкохолната индустрија. Се препорачува да се конзумира во ладните денови.

 

3. Еден литар водка содржи околу 953 грама. Немаме проверено ама ќе им веруваме.

4. Сигурно не знаевте дека водката се распаѓа. Аромата на отворената водка се губи секој месец па после 12 месеци можеш слободно да ја исфрлеш. А сигурно не сте знаеле бидејќи нема човек што 1 година чува отворена водка.

5. За да го почуствувате најдобриот вкус од овај пијалок, најдобро е да го конзумирате изладен на 8 до 10 степени. Премногу изладената водка го губи својот вистински вкус. Токму заради тоа, евтината водка во кафичите и ноќните клубови, ни ја сервираат со мраз.

6. Прототипот на водката е донесен од Русија пред 1429 години од Италијанците. Но русите успеале да го усовршат рецептот па сега пиеме подобра водка.

7. За време на владеењето на Екатерина Велика, водката се сметала за еден од најелитните пијалоци во светот.

8. Пред 1885 година, нормалното количество на водка кое можеш да го набавиш од продавница било 12,3 литри. Водката не се продавала во помали амбалажи. Ќе пиеме или ќе се лигавиме била работата во тоа време.

9. Пред 1865 година, Димитри Менделеев го одбрани докторскиот степен со својот труд “Комбинирање на вода со шпиритус”. Тој смета дека најдобриот процент на алкохол во водката е 38%. Данците барале повисок процент, па власта го затворила случајот со 40%.

10. Содржината на алкохол во водката варира помеѓу 35 и 60%, зависно од производителот.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Кога вотката ќе стане виски

 

Алкохолот е навистина штетен

Домашен алкохол уби осуммина во Чешка

Пронајдете не на следниве мрежи: