Исланд го менува своето име! Кои се вашите предлози?

Станете популарни и помогнете им на жителите од Исланд: Дајте им ново име на нивната земја. Уморни од стереотипите за ледената земја (Ice-land: ледена земја), Исланѓаните и званично распишаа конкурс за ново име на својата земја.

Туристичката заедница на оваа североатланска земја се води со идеата дека многу повеќе туристи би биле привлечени доколку ледот и ладното време не се првата асоцијација за оваа земја, која навистина има голем избор на места кои би можела да ги понуди на своите посетители.

Во август оваа година беше поставено прашањето: Како би го нарекле Исланд кога би го виделе за прв пат? На прашањето беа добиени повеќе од 10.000 одговори за три седмици.

Сеуште голем дел од луѓето од сите страни на светот ги праќаат своите предлози, а тамошните власти и надлежни институции сеуште ги повикуваат и сите други останати луѓе да се приклучат, помагајќи им.

Штандот за предлози е поставен на аеродромот Keflavik, но предлозите може да се пишуваат и на Inspired By Iceland.

Еден од плановите е новопредложеното име да биде вклучено во новите рекламни кампањи за оваа земја.

Бројот на предлози секојдневно расте, секако најголем дел од нив се и со доза на хумор, поврзани со интернет феномени или ликови од поп-културата.

 

Погледнете ги следниве статии

 Го пронашол својот двојник од XVI век

 

 

 

 

 

 

 Безгранично пријателство: бабата Misao и мачката Fukumaru станаа хит на интернет

 

 

 

 

 Како да ги натерате луѓето да го тргнат својот поглед од мобилниот телефон?

 

Пронајдете не на следниве мрежи: