Натпревар за најголемата лага на светот

Loading...

Во паб во северозападна Англија во четврток почнува натпревар за титулата најголем лажго на светот.

Годишниот натпревар се одржува во „Бриџ ин“ паб во Сент Бриџ. Натпреварувачите имаат пет минути да ги импресионираат судиите со уверлива, но и духовита лага.

На политичарите и на адвокатите им е забрането учеството, бидејќи се смета дека имаат неправедна предност, пренесува АП.

Минатогодишниот победник беше работник во нуклеарна централа, кој измислил лага дека го победил принцот Чарлс во трка со полжави.

Натпреварот е основан во чест на сопственикот на пабот од 19 век Вили Ритсон кој бил познат по своите нечуени приказни.

Макфакс

loading...
Loading...