И Christie’s објави рекордна продажба од уметнички дела

Најголемата светска аукциска куќа Christie's извести во четвртокот дека ја завршила американската сезона со рекордна продажба од 412 милиони долари, како и дека рекордните добивки се остварени за делата на единаесет уметници.

Претходно во четвртокот и другата значајна аукциска куќа Sotheby's во вторникот во Њујорк го имаше најдоброто наддавање во својата 268-годишна историја, со продажба од 375 милиони долари на наддавањето за дела од повоениот период и современата уметност.

На долго очекуваната аукција одржана под насловот „Post-War and Contemporary Art Evening Sale“ скулптурата „Лале“ на американскиот уметник Џеф Кунс од серијата  „Celebration“е продадена за 33, 7 милиони доалри.

Станува збор за пет метри висок букет кој го сочинуваат седум лалиња во разни бои, а вредноста на скулптурата пред почетокот на аукцијата беше проценета меѓу 20 до 30 милиони долари. Изминатите две седмици скулптурата беше изложена пред влезот на њујоршката филијала на Christie's на Рокфелер палза 20.

Рекорди се поставени и за делата на Франц Клјан и Жан-Мишел Баскват.

Платното со наслов „Red Strip“ на Марк Ротко, чиешто дело „No. 1 (Royal, Red and Blue)” во вторникот на сличната аукција на Sotheby’s беше продадено за 75 милиони долари, во четвртокот на наддавањето на Christie's постигна цена од 23,4 милиони долари.

Од Christie's тврдат дека вкупниот износ од 412 милиони долари е најголемиот кога и да е остварен за дела од повоената и современа уметност.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: