7 здрави и слатки намирници за сите оние кои го одбегнуваат рафинираниот шеќер

Дали едноставно не можете да го замислите денот без нешто слатко, но го одбегнувате рафинираниот шеќер поради здравиот начин на исхрана? Нутриционистите ви даваат очигледно и често занемарено решение – овошје!

7 здрави и слатки намирници за сите оние кои го одбегнуваат рафинираниот шеќер
Многумина ќе речат дека дури и овошниот шеќер е сепак шеќер и затоа треба да се избегнува доколку сакате да изгубите тежина. Сепак, нутриционистите објаснуваат дека тоа е далеку од вистината и дека можете да се почестите со слатко овошје.

Но, тоа не значи дека треба да претерате со овошјето, бидејќи поголемите количини шеќер, дури и природен, сепак може да предизвикаат проблеми. Ова особено се однесува на луѓето со дијабетес.
Од друга страна, луѓето без дијабетес не треба да се грижат за консумирање премногу шеќер преку овошјето, особено ако одлучат да го користат како замена за слатки и сите други облици на рафиниран шеќер.

Јаболка
Најголем дел од шеќерот во јаболкото е фруктоза, т.н. овошен шеќер, кој за разлика од другите засладувачи, како што се гликозата или сахарозата, не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Друга предност на ова овошје е присуството на влакна кои помагаат во разградување на гликозата и со тоа и го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Зелените јаболка имаат значително помалку шеќер од црвените!

Манго и ананас
Тропското овошје е особено слатко, а мангото е лидер со дури 46 грама шеќер во едно овошје! Ананасот е само малку помалку сладок и важно е да се внимава во колкави количини се консумира. Комбинирањето на тропско овошје со протеини како грчкиот јогурт може да помогне бидејќи го забавува ослободувањето на шеќер во крвта.

Лубеница
Лубеницата е одличен начин да ги засладите топлите летни денови, бидејќи има малку јаглехидрати, па едно или две парчиња нема значително да го подигнат шеќерот во крвта.

Банана
Бананата можеби не е најслаткото овошје, но има висока содржина на шеќер што се зголемува за време на зреењето.

Цреши и грозје
Кога станува збор за црешите, експертите советуваат да бидете умерени бидејќи се богати со шеќер. Вистина е дека се работи за многу поздрав шеќер кој нема да ви наштети како оној што го има во слатките, но сепак важно е да не претерувате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.