7 начини да го исчистите вашето тело со храната

Дури 80% од имунолошкиот систем е концентриран во цревата. Ако вашето тело се детоксицира правилно, а корисните бактерии се во рамнотежа во цревата, имате природна суперсила да им се спротивставите на настинките и на грипот без антибиотици. Исто така, некои намирници може да ви помогнат да ја исчистите крвта од тешки метали и да спречат згрутчување на крвта, а некои може да се борат против лошиот здив. Во продолжение прочитајте како да ги отстраните токсините од вашето тело на природен начин.
1. Авокадото ги отстранува хемикалиите од црниот дроб
Авокадото го намалува холестеролот и ги шири крвните садови, истовремено блокирајќи ги токсините што ги уништуваат артериите. Авокадото содржи хранлива состојка наречена глутатион, која блокира најмалку 30 различни канцерогени и му помага на црниот дроб во детоксикацијата на синтетичките хемикалии. За луѓето со висок крвен притисок, овие плодови се особено значајни бидејќи помагаат природно да се намали и да се избегне ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
2. Ананасот го разградува холестеролот


Ананасот е овошје кое содржи природен согорувач на мрснотии наречен бромелаин, што му помага на вашето тело да ги разградува протеините и да ги вари. Ананасот е особено ефикасен во разградувањето на холестеролот и во неговото отстранување од телото. Ја разредува крвта и спречува згрутчување на крвта. Ананасот е најдобро да се јаде свеж, а не конзервиран бидејќи ензимот бромелаин се уништува во процесот на конзервирање.
3. Киселата зелка ги отстранува токсините и ја чисти кожата
Оваа ферментирана храна лесно се обработува во дигестивниот систем бидејќи е веќе „претходно варена“ за време на ферментацијата. Оваа мешавина е пробиотичка и полна со растителни влакна и помага за намалување на надуеноста, за порамен стомак и за почиста кожа бидејќи помага да се излечат акните. Киселата зелка му помага на вашето тело да ги апсорбира витамините и минералите поефикасно. Ви дава повеќе енергија затоа што вашето тело троши помалку за време на варењето, така што ќе имате природно зголемување на енергијата.
4. Свежите и сувите кајсии го отстрануваат запекот


Сувите кајсии се познати по нивното природно лаксативно дејство. Ако сте склони кон запек, оваа храна ќе дејствува како природна „четка“ за цревата. Свежите кајсии имаат огромна количина растителни влакна, кои ви помагаат да бидете сити подолго време, а во меѓувреме ги храни корисните бактерии во цревата. Ова овошје е богато со антиоксиданти, го помага природното чистење на организмот и придонесува за здравјето на очите.
5. Спирулината помага во борбата против телесните мириси
Спирулината е состојка која се смета за една од најсилните во чистењето на крвта од тешки метали. Но, најатрактивната карактеристика на овој зелен прав е можноста на нејзината главна состојка, хлорофилот, да го неутрализира мирисот на телото. Лекарите го нарекуваат хлорофилот „внатрешен дезодоранс“ и со неговото консумирање, телото добива мирис како штотуку да сте се истуширале.
6. Грејпфрутот ви дава дополнителна енергија и го обликува струкот
Грејпфрутот содржи нооткатони, хемиски соединенија што можат да го зајакнат метаболизмот и да помогнат при намалување на тежината. Исто така, тие се богати со растителни влакна, кои ве одржуваат сити и можат да помогнат во рамнотежата на нивото на шеќер во крвта. Основата на детоксикацијата со грејпфрут е златното правило: јадете половина грејпфрут со секој оброк во текот на една недела за да добиете дополнителна доза хранливи материи, како влакна и витамини А и Ц.
7. Краставицата го освежува здивот
Водата од краставиците ја спречува сувоста на устата и го чисти вишокот несакани остатоци од храната што може да останат во устата по оброкот. Слично како јаболкото, краставицата го стимулира производството на плунка што помага во хидрирањето на устата. Всушност, држењето парче краставица помеѓу јазикот и горниот дел на усната шуплина помага да се спречи непријатниот мирис. Крцкавиот зеленчук помага и во отстранување на плаките на забите и непцата, со кои се хранат бактериите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.