7 неочекувани нешта поради кои прво исчезнува страста, а потоа и љубовта

увствувате како во последно време да не сте расположение за секс, или пак, да не уживате во сексуалните односи како порано? Најверојатно причината се крие во едно од овие нешта…
1. Диета
Ако не јадете доволно и постојано сте гладни, тогаш големи се шансите дека вашето либидо ќе опадне. Со намаленото внесување калории во организмот, вие го намалувате и внесувањето енергија па затоа и доаѓа до губење на „апетитот“ за секс и романса.
2. Недостаток на сон
Доколку спиете помалку од 5 часа на ден, во вашето тело ќе почне да се намалува лачењето на машкиот хормон тестостерон, што потоа води кон намалување на сексуалните желби. Недостатокот на сон влијае на истиот начин и кај жените.
3. Пилули за контрацепција
Една неодамнешна студија потврдила дека пилулите за контрацепција кај жените ја намалуваат желбата за секс. Тие едноставно ја губат својата страст, и како почнуваат да губат интерес за партнерот.


4. Прејадување
Доколку сте склони на прејадување, нема место и за „жешки“ игри во спалната соба. Откако ќе се најадете, вашето тело почнува да се бори за да ја обработи храната, притоа уморувајќи ве и правејќи ве незаинтересирани за ништо друго освен спиење.
5. Стрес
Во друго истражување, дури 60% од жените откриле дека уморот и стресот им се главните причини за намалување на сексуалната желба. Истите причини се наведуваат и при губењето на желбата за секс кај мажите.
6. Депресија
Ова психолошко нарушување има големо влијание на либидото на човекот што страда од него. Дури 70% од оние што се изјасниле како депресивни покажуваат знаци за намалена желба за секс. Од друга страна пак, и антидепресивите можат да бидат одговорни за губење на страста, како и за сексуалната дисфункција.
7. Анемија
Кога станува збор за жените, анемијата може да биде главниот виновник за намалена потреба за секс. Решението се крие во зголемувањето на консумирање железо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.