Честопати си го поставувате прашањето: „Дали сето тоа беше моја вина?“. Понекогаш сте премногу груби кон себе, особено кога сте направиле некаква грешка, а од друга страна потребно е време да зараснат лузните од минатото.
Но, штом ќе се прифатите себеси такви какви што сте, ќе бидете ослободени од сета болка и очај. Ако нешто треба да научите кон крајот на оваа година, тоа е простувањето, односно да научите да си простите себеси.
1.Простете си за вашето минато
Има една изрека: „Ако продолжите да гледате назад, нема да одите напред“. Факт е дека многумина ги прогонуваат грешките од минатото. Сепак, не заборавајте дека секој прави грешки и дека најважно од сè е да научите од нив.
2.Простете си кога се чувствувате ранливи
Да се чувствувате ранливи е едно од најприродните чувства што може да ги доживеете и затоа не смеете да се плашите. Простете си кога се чувствувате слаби и не дозволувајте да ве обземе несигурноста бидејќи сите ние имаме несовршености и маани.
3.Простете си за сите ваши неуспешни врски
Постојат многу причини поради кои една љубовна врска не може да биде успешна како недостаток на доверба или комуникација, спротивставени гледишта итн. Но, тоа не значи дека вашите идни врски нема да функционираат. Мора да се фокусирате на сегашноста, а не на вашите неуспешни врски во минатото.