7 работи за бракот, кои доколку луѓето ги знаеја, 80% од разводите немаше да се случат

Секој сам го избира својот сопруг или сопруга. И покрај тоа, за да ја почувствувате вистинската љубов, треба да ја познавате личноста, да се се спријателите, а потоа да се вљубите.
Според експертите, многумина почетниот период на разменување букети и подароци, веднаш го сметаат за љубов.
Но, во крајна сметка, штом оваа романтика ќе престане и ќе се отстранат розовите очила, партнерите се соочуваат со првите потешкотии и започнува правиот тест на врската. Токму тогаш повеќето помислуваат дека љубовта исчезнала.
Посветеноста и трпението се основите квалитети на љубовота. Доколку мислите дека љубовта во вашата врска завршила, според експертите, таа најверојатно сè уште не започнала.
Ова се 7-те фази на една врска, кои ќе ви покажат зошто вистинската љубов и искрениот однос доаѓаат со текот на времето:


Фаза на подароци и букети
Периодот на букети, бонбониери и подароци трае 18 месеци. Кога мажот и жената ќе се вљубат еден во друг, нивните тела започнуваат да произведуваат хормони, благодарение на кои светот го гледаат во розова боја. Во тој период, партнерите се чувствуваат како опиени од љубов. Затоа, според експертите, во оваа фаза не треба да се донесуваат важни одлуки, бидејќи љубовното пијанство порано или подоцна ќе престане и сето ќе остане на своето место.
Фаза на презаситеност
Во овој период започнувате да гледате трезвено на постапките на вашиот партнер, морето од чувства стивнува и постепено се навикнувате еден на друг. Последица од ова е промената во вашите однесувања- започнувате да се однесувате поспокојно и поприродно.
Фаза на непријатност
Фазата на непријатност не може да се избегне во ниту еден случај кога станува за подолгите врски. Честите караници и откривањето на недостатоците на партнерите, се главните карактеристики на оваа фаза. Во овој период, ви се чини дека е најлесно да ставите крај на врската или да се разведете. Сепак, по разделбата, повторно ќе влезете во фаза на подароци со друга личност, сè додека повторно со истата не дојдете до оваа фаза на непријатност.
Фаза на трпение
Во оваа фаза, партнерите се стекнуваат со мудрост. Караниците повеќе не се толку драматични, бидејќи и двајцата се подеднакво свесни дека караницата треба да заврши, а врската и бракот да продолжи. Непишано правило и еден вид љубовен закон дека со текот на годините доаѓа мудроста и двајцата партнери треба да вложат ист труд во нивниот однос.
Фаза на обврска и почит
Ова е првата фаза на вистинската љубов, бидејќи пред истата да настане, љубовта не била присутна. Партнерите започнуваат да ги сфаќаат и разбираат нивните одговорности, односно веќе не размислуваат што им должи другиот, туку започнуваат да мислат што може да направат за истиот.
Фаза на пријателство
Во овој период, партнерите стануваат исклучително блиски еден со друг. Започнуваат да се доверуваат како да се најдобри пријатели, а фазата на пријателството го отвора патот кон вистинската љубов.
Фаза на вистинска љубов
Партнерите навлегуваат во фазата на вистинска љубов и тука се задржуваат најдолго време, заедно преминувајќи преку сите предизвици, потешкотии и проблеми. Вистинската љубов не е нешто што одеднаш ни паѓа од небото, како што многумина мислат. За вистинската љубов, потребно е човекот да созрее и да ги остави зад себе егото и предрасудите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.