7 секси потези кои на момците не им се толку секси

Каде и да погледнете, ќе најдете статија за работи кои треба да ги направите за да го излудите во кревет. Пораката која ја  добивате е дека, ако само малку повеќе вложите напор, многу повеќе ќе му се допаднете. Но, всушност, повеќето момци кои ги знаеме се едноставни и не им се потребни чуда за да ги направите среќни. Избегнувајте ги овие седум потези кои мислите дека тој ги сака, а всушност се лажете.
1. Му се придружувате во утринското туширање пред работа
Неговата реакција: Ох, мислите на оние 10 минути во текот на денот кога можам да бидам сам?
2. Ќе му навестите дека сте расположени за секс, а потоа ќе се повлечете и очекувате да се потруди за да добие опасен секс
Неговата реакција: Баш она што маж сака да го добие кога си доаѓа дома од работа: повеќе работа.
3. Водите љубов пред огледало па можете да го гледате секој дел од телото
Неговата реакција: Дури и оние делови од телото кои не се толку секси? Хмм …
4. Носите кошулка со многу копчиња и полека се соблекувате пред него
Неговата реакција: Може ли да гледам фудбал додека не завршиш?
5. Купувате скапа долна облека само за неговите очи
Неговата реакција: Единствениот пат кога мажот ќе ја забележи долната облека е тогаш кога му е тешко да ја отстрани.
6. Го сокривате свилениот шал во неговата торба, велејќи му: “Ќе ти треба за подоцна”
Неговата реакција: Зошто, ќе биде ладно?
7. Заедничко читање на еротски пасуси од книги
Неговата реакција: Знаете дека постојат бесплатни порничи, нели?
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Каде и да погледнете, ќе најдете статија за работи кои треба да ги направите за да го излудите во кревет. Пораката кој

Пронајдете не на следниве мрежи: