7 најубави бакнежи: Бакнувајте ги вака и нема да останат рамнодушни

Дали знаевте дека бакнувањето има своја наука? Тоа доволно говори за неговата комплексност. Научната дисциплина која се занимава бакнувањето се вика филематологија. Ви претставуваме 7 видови бакнежи кои ги разменуваат партнерите.1.Француски бакнеж
Овој бакнеж се смета за најпопуларен помеѓу паровите. Започнува со меѓусебно лесно допирање на врвовите на јазиците на партнерите. Темпото се забрзува со  порастот на возбудувањето помеѓу партнерите.
2. Банкеж во врат
Употребата на усните и јазикот на вратот може да  делува многу страствен и за оној кој го прима  бакнежот, но и за оној кој бакнува. Неизбежен е во  предиграта.
3.Бакнеж на гуштер
Овој бакнеж  се однесува на лесно допирање  на горната усна на партнерот, слично на она кога гуштерот го фаќа пленот. Тој исто така поттикнува разгорување на страсите и одличен е доколку планирате  да го возбудите партнерот.
4. Ангелски бакнеж
Овој бакнеж се одликува  со англесно нежно допирање на усните на партнерот и одличен е кога сакате да му ја покажете помирната страна на партнерот.

 
5. Ескимски бакнеж
Сите ние во некој период сме се бакнувале како ескими, зарем не? За ескимите допирањето  на врвовите од носовите е начин  на кој се поздравуваат  пријателите. Кај нас може да биде излив на нежност  на партнерот, но и одраз  на родителска љубов кон децата.

6. Бакнеж- пеперутка
Доколку сте во стадиум  во врската кој дозволува опуштено и спонтано однесување со партнерот, можете да имитирате допири нежни како  кај крилата на пеперутката- допирање на лицето на партнерот со трепките е исто така вид на искажување на чувствата.
7. Бакнување на едната усна
Уште еден од начините на кој можете да размените бакнежи со партнерот  е поигрување со едната усна на партнерот. Не мора само да ја бакнувате, грицкањето, нежното повлекување или вшмукувањето може да биде интересно.1.Француски бакнеж
Овој бакнеж се смета за најпопуларен помеѓу паровите. Започнува со меѓусебно лесно допирање на врвовите

Пронајдете не на следниве мрежи: