Дали ви се случило тестото да не сака да ви нарасне? Или баш кога сте имале гости, вашата погача во рерната „испукала“. Штрудлата да биде испечена одозгора но не и одоздола? Решете се од тој проблем сега!Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат вашето тесто да биде токму како од најдобриот ресторан или како од фотографиите од вашиот најомилен кувар…
1.Пред да започнете да го правите тестото, извадете ги путерот и јацата од фрижидерот и оставете ги да постојат некое време на собна температура.
2. Подгответе и измерете ги сите неопходни состојки пред да започнете да ги месите.
3.Придржувајте се до рецептот и немојте да импровизирате. За разлика од зготвените јадења и специјалитети со месо, чорбите и салатите каде можете да додадете секогаш нешто ново и да ја промените количината на состојките, тестата се резултат од прецизни хемиски процеси.
4. Не претерувајте со количината на прашокот за пециво или квасец, бидејќи постои можност тестото да ви нарасне премногу и да пукне.
5.Немојте да правите залихи од пецивото или квасецот бидејќи со текот на времето ги губат своите состојки.
6. Тестото ставете го во загреана рерна, бидејќи сите теста со прашокот за пециво и квасец тоа го бараат. Во текот на спојувањето на влажните и сувите состојки доаѓа до хемиска реакција и тестото веднаш почнува да расте. Почекајте 10 до 15 минути од моментот кога рерната ќе ја достигне посакуваната температура и потоа ставете го тестото во неа.
7.Решетката ставете ја на средината за тестото да се испече подеднакво и одозгора и одоздола.Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат вашето тесто да биде токму како од најдобриот ресторан или како од фотографиите од вашиот најомилен кувар…