7 здрави вечерни оброци: Нема да бидете гладни и подобро ќе спиете

Понекогаш ни е потребен оброк пред спиење, иако тоа не е најдобра опција. Доколку сте гладни навечер ќе треба да изедете нешто, па најдобро е да посегнете по здрава храна која ќе го подобри квалитетот на сонот.
Ако се прашувате што да јадете пред спиење без храната да влијае негативно на вашиот сон, тогаш имаме решение за вас. Еве неколку идеи за здрав вечерен оброк.
Киви
Според нутриционистката Саманта Касети, кивито е одлична храна која содржи серотонин и ќе ви помогне полесно да заспиете. Покрај тоа, богато е со витамин Ц и влакна, што значи дека ќе го заузда чувството на глад.


Јаткасти плодови
За вкусна ужина, која е и здрава, земете грст јаткасти плодови кои содржат магнезиум и цинк, а тие го зајакнуваат производството на мелатонин. Доколку сакате најздрав избор за подобар сон, изберете ф’стаци, само внимавајте да не се посолени бидејќи веќе се полни со мелатонин, па 28 грама од ова задоволство содржи околу 7 милиграми мелатонин. Покрај тоа, тие содржат здрави масти кои ќе му кажат на вашиот мозок дека повеќе не сте гладни, објасни нутриционистот Бес Бергер.
Јогурт
Според научниците во European Journal of Nutrition, секојдневното консумирање јогурт може да го зајакне имунолошкиот систем бидејќи содржи бактериски култури Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus. Покрај тоа, нуди добри количини на калциум, витамини Б и Д и други хранливи материи кои делуваат на имунолошкиот систем. Згора на тоа содржи триптофан, аминокиселина која ќе ви помогне да заспиете бидејќи се претвора во серотонин, кој пак се претвора во мелатонин, хормон кој поттикнува добар сон.
Банана и путер од кикирики
Оваа комбинација е многу популарна меѓу нутриционистите. Бананата содржи триптофан, кој ќе се претвори во мелатонин, а содржи и калиум и магнезиум, кои ќе спречат грчеви кои можат да го попречат сонот. Путерот нуди здрави незаситени масти, па лесно можете да заборавите на чувството на глад. Една банана и една лажица путер од кикирики се доволни за да ги задоволат потребите на организмот, но и да спиете добро.
Зеленчук и хумус
Ова е одлична комбинација за добри соништа, а Бергер ве советува да го земете омилениот зеленчук и 2 лажици хумус и да уживате во здрава и вкусна закуска која содржи здрави масти, влакна и јаглехидрати.
Пуканки
Пуканките се целозрнеста житарица, што значи дека во организмот ќе внесете многу влакна, а имаат и триптофан кој ќе ви помогне полесно да заспиете. Доколку само пуканки не ви се доволни, експертите ве советуваат да земете суви боровинки и препечени ореви за да го задоволите гладот. Со оваа комбинација нема да има скок на шеќерот во крвта, што може да го попречи добриот сон.
Чај од камилица
Овој здрав оброк пред спиење нуди многу работи, но пред сѐ ќе ве засити и смири. Чајот од камилица содржи антиоксиданси кои ќе придонесат за опуштање и добар сон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.