КАКО ДА КОНСУМИРАТЕ ПОМАЛКУ КАЛОРИИ?
Слабеењето може да биде многу едноставно и да не одзема многу од вашата енергија. Едноставно треба да најдете начини да ја намалите консумацијата на калории, без тоа да ви создава чувство дека се лишувате од нешто.
Се разбира, резултатите нема да бидат видливи за неколку дена, но откако ќе ги намалите килограмите на ваков начин, многу потешко ќе си ги вратите и со тоа ќе го избегнете јо-јо ефектот што го имаат диетите.
Еве неколку едноставни начини да го намалите бројот на калории што секојдневно ги внесувате:
- Изберете портокал наместо џус. Една чаша свеж сок од портокал содржи околу 110 калории. Од друга страна, еден портокал со средна големина содржи 80 калории. Моментално намалувате 30 калории.
- Наместо 2 цели јајца, изберете 4 белки. Едно тврдо варено јајце со средна големина има околу 70 калории. Белката од јајцето има само 17. Ако изберете за појадок 4 белки наместо 2 цели јајца, ќе ги намалите внесените калории за 70.
- Заменете го кафето со зелен чај. Зелениот чај содржи кофеин, па ако сте обожавател на кафето, добра и здрава замена за него е зелениот чај. Кафето крие многу повеќе калории од чајот, особено ако го пиете со шеќер и млеко. Едно мало пакетче Нескафе 3 во 1 има 75 калории, Нескафе 2 во 1 има 46 калории, а една чаша зелен чај (без шеќер) има само 2 калории! Плус тоа, јапонските научници тврдат дека консумирањето 5 чаши зелен чај дневно може да согори дополнителни 70-80 калории.
- Користете сенф наместо мајонез. Сигурно знаете дека мајонезот е покалоричен од сенфот, но можеби ќе ве изненади колкава е разликата во калориите. Една лажица мајонез (Hellmann’s) содржи 90 калории, а една лажица сенф околу 5 калории. Соодветно, ако намачкате две парчиња леб со сенф наместо со мајонез, ќе успеете да скратите дури 170 калории.
- Изберете 1 чаша вино наместо 2 пива. Алкохолот е многу калоричен, па дури и да внимавате на исхраната, може непотребно да си го уништите трудот ако консумирате алкохол. Сепак, за да не се делите од друштвото, треба да знаете да правите паметен избор кога сте излезени. Едно мало шише пиво содржи околу 155 калории, а една чаша суво бело вино околу 115 калории. Секоја втора пијачка заменувајте ја со обична минерална или газирана вода.
- Заменете ги газираните сокови со газирана вода. Особено треба да сте внимателни со т.н. течни калории. Газираните сокови докажано се штетни за здравјето, но многу е тешко луѓето да се одвикнат од нив. Освен за здравјето, тие се штетни и за вашата фигура. Една чаша Кока-кола содржи 103 калории, а природната газирана минерална вода не содржи калории.
- Јадете супа пред главното јадење. Супата го полни стомакот и значително го намалува чувството за глад. Истражувањата покажале дека ако започнете со супа, од главното јадење ќе внесете околу 290 калории помалку.