Иако не постои формула со која ќе пресметате дали некоја врска ќе биде успешна, разбирањето на некои од општествените трендови може да ви помогне да предвидите во која насока се движите со партнерот. Врските бараат многу работа, а повеќето луѓе инвестираат многу за да ги направат успешни. Погледнете ги овие изненадувачки статистички податоци за љубовта, романсата и среќните парови.
7 статистички податоци за среќните парови што ќе ве изненадат
1. Здравата врска значи дека нема да се расправате
Расправањето во врските често не е разбрано. Спротивно на популарното верување дека нешто сигурно не е во ред кога се расправате редовно, едно истражување покажало дека најсреќните парови се оние кои имаат „гневни, но искрени“ разговори. Ова е важен чекор во решавањето на проблемите и откривањето на вашите и потребите на партнерот.
2. Социјалните медиуми ги разделуваат партнерите
Секој го има видено парот што излегол на вечера, но не можел да го тргне погледот од телефоните. Експертите за врски предупредуваат дека ние како општество ѝ дозволуваме на технологијата да нè разделува од саканите. Всушност терапевтите од Организацијата за врски во Ирска изјавиле дека во 80% од врските има барем малку грижа за прекумерна употреба на технологија од страна на партнерот.
3. Прераниот секс може да ја уништи шансата за поврзаност
Нема ништо лошо во сексот за една вечер, но ако барате стабилна врска најдобро е да не брзате. Едно истражување во кое учествувале 600 венчани и парови што живеат заедно ја споредувало нивната среќа во разни фази од врската. Се открило дека оние кои чекале барем еден месец пред да имаат секс биле многу посреќни подоцна во врската за разлика од другите.
4. Изневерувањето не значи неисполнувачка врска
Повеќето луѓе сметаат дека ако нивниот партнер бара нешто надвор од врската, тоа е знак дека не е среќен. Но според едно истражување причината не е секогаш ова. Истражувачите ги прашувале мажите кои признале дека имале афера во која состојба бил нивниот брак. 56% од нив одговориле дека биле задоволни, не барале излез и биле во среќен брак.
5. Веројатно сте се вљубиле на прв поглед
Постојат многу дебати за тоа дали љубовта на прв поглед е реална или не. Истражувањата покажуваат дека сепак има некоја вистина во ова тврдење. Скенирањата на мозокот покажале дека кога испитаниците гледале во потенцијален партнер им била потребна отприлика една петина од секунда за да реагираат. Ако личноста им се допаѓала, мозокот произведувал хемикалии поврзани со љубовта и среќата како окситоцин и допамин. Ова значи дека ако ја гледате вистинската личност, вашиот мозок ќе одреди дали сте вљубени за една петина од секунда.
6. Паровите без деца повеќе работат на нивната врска
Истражувачи од Англија ги анализирале одговорите на 4.500 испитаници и ја споредувале нивната среќа со тогашната фаза во врската. Резултатите покажале дека паровите без деца биле позадоволни од нивната врска и посреќни во животот. Ова не значи дека нема да бидете среќни ако имате деца, едноставно резултатите покажале дека паровите без деца се посреќни заедно.
7. Шансите за неверство се исти и кај мажите и кај жените
Иако постои верување дека мажите се оние кои изневеруваат почесто, едно истражување покажало дека шансите се исти и за двата пола. Разликата е само причината и начинот на неверство. Додека мажите најчесто бараат физичка забава, жените бараат емоционална поврзаност која можеби нема да резултира во физичка врска. Експертите предупредуваат дека и емоционалното и физичко неверство се штетни за врската.