70 годишен дедо е загрижен за својот сексуален живот: “Иако сме во 70-те имаме редовен секс, но мојата сопруга има еден проблем…”

“Таа вели дека тоа не е важно, но сметам дека тоа ми го вели само за да се чувствувам подобро”.
Маж во златните години се пофали дека сè уште ги одржува редовните сексуални односи со сопругата, но нешто сепак го загрижува. Својот проблем ѝ го раскажа на колумнистката на магазинот The Sun, Деидре Сандерс.
“Драга Деидре, иако и двајцата сме во 70-те, мојата сопруга и јас сè уште имаме богат сексуален живот. Понекогаш ни е потребна помош од разновидни играчки, но дури и тогаш сексот ни е одличен. Единствено нешто што ме загрижува е тоа што мојата сопруга во последно време не може да доживее силен огразам”.


“Ги испробавме сите работи на кои можевме да се сетиме. Таа вели дека тоа не е важно, но јас сметам дека тоа ми го вели само за да се чувствувам подобро. Некаде прочитав дека кога жените ќе влезат во осмата деценија од својот живот, нивните нервни завршетоци повеќе не функционираат како што треба. Дали е тоа вистина? Доколку е, постои ли нешто што можеме да направиме?”, напишал дедото.
А одговорот на колумнистката Сандерс е:
“Како мажите, така и жените во подоцнежните години страдаат од намалена сексуална желба. Локалната примена на естрогенски креми би можела да Ви помогне. Вибраторите се дизајнирани за жени и исто така се многу ефикасни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.