70 години Црвен Крст на Град Скопје: Признание за градоначалникот Трајановски

Во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Црвениот крст на Град Скопје вчеравечер /30.11.2015 година/ во театарот „Комедија“ на Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, свечено му беше врачено јубилејното признание – златен знак за долгодишната соработка и залагање. Јубилејни признанија добија и Ариф Мохамед, шефот на канцеларијата на УНХЦР, Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“, Саит Саити, почесен претседател на Црвениот крст и волонтерот Дејан Стојковски.- Седум децении успешна мисија, седумдесет години работа врз основа на универзалните принципи, за промовирање мир и толеранција, превенција и навремена и соодветна поддршка за ранливото население. Преку бројни активности за помагање на најранливите категории граѓани, едукации на младите, но и возрасните, па се до големи хуманитарни акции, Црвениот крст го трасираше својот пат кон хуманоста и ја стекна довербата на граѓаните. Сите ние сме особено горди на оваа организација која секогаш е присутна во областите во кои најдобро делува, а тоа се солидарноста, хуманитарноста, подигнувањето на индивидуалното чувство за одговорност и преку личен пример поттикнува на акција. Оваа организација настојува да им пружи помош и заштита на сите оние кои страдаат, во наша близина или некаде подалеку, при тоа секогаш водена од нејзините хумани идеали кои наоѓаат свој конкретен израз во делата. Ние и понатаму заеднички ќе продолжиме да ги следиме вистинските потреби на граѓаните, ќе работиме на подигање на свеста на граѓаните и на зголемување на сензитивноста, разбирањето, почитувањето на различните од себе и меѓусебното помагање и поттикнување луѓето да дејствуваат хумано. На сите вработени и активисти на Црвениот крст на Град Скопје и на Црвениот крст на Република Македонија, им пожелувам големи успеси во понатамошната работа на промовирање и унапредување на хуманоста и почитување на хуманитарните принципи како и досега – рече градоначалникот Трајановски.
Во рамките на одбележувањето на јубилејот, во театарот „Комедија“ беше прикажана претстава што ја изведоа волонтерите од Клубот на младите при скопскиот Црвен крст.- Седум децении успешна мисија, седумдесет години работа врз основа на универзалните принципи, за промовирање мир и толеранција, превенција и&

Пронајдете не на следниве мрежи: