Вчера вечер во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ беа одбележани 70 годишното постоење од Народна техника – Прилеп. Оваа организација постои цели 7 децении има остварено голем број на значајни придобивки за градот.„Задоволството е големо после поканата на претседателот и членовите на Народна техника оваа година да бидам покровител на овој голем јубилеј за оваа многу важна организација која опстојува во нашиот град. Со задоволство ја прифативме поканата, им посакувам здравје, среќа, успех и понатаму во нивното работење. Народна техника е од голема важност за општествениот живот во нашиот град“ – посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.
Прославата се состоеше од неколку настани.
„Прославата се состои од 3 дела. Има изложби на фотографии од минатото, изложба на експонати од самите клубови кои се членки на Народна техника и секако овде се изложени одредени признанија, дипломи и награди освоени во минатото. Народна техника има освоено голем број 1-ви, 2-ри и 3-ти места на светско ниво во повеќе области“ – посочи Пецо Танески, претседател на Народна техника – Прилеп.
Народна техника – Прилеп ветува дека ќе продолжи напорно да работи и во иднина.„Задоволството е големо после поканата на претседателот и членовите на Народна техника оваа година да бидам покровител на овој голем јубилеј