700.000 шерови! Лекција која секој родител мора да му ја раскаже на своето дете!

На интернет се појави приказна која Ејми Гарднед и ја раскажала на својата ќерка пред  почетокот на новата школска година. Луѓето кои коментирале, се уверени дека оваа приказна, секој родител треба да му ја раскаже на своето дете.„Мојата ќерка тргнува во шесто одделение во основно. И го уредивме шкавчето, и купивме облека и ја изненадивме со нов школски ранец. Меѓутоа, вечерта пред спиење, ја направивме најважната задача“, го започнува својот статус на Фејсбук Ејми Гарднер.
Оваа мајка побарала од својата ќерка Бриона да ја истиска целата содржина од пастата за заби на чинија, а кога завршила, ја замолила пастата да ја врати во тубата. Фрустрираното девојче, набрзо почнало да вика како тоа е невозможно.
„Почекав да се смири, па и реков: Ќе ја запаметиш оваа чинија со паста до крајот на животот. Твоите зборови имаат голема моќ. Сега кога тргнуваш во ново одделение, ќе имаш прилика да ги искористиш своите згорови да ги повредиш, омаловажиш и навредиш другите. Ќе имаш и прилика да ги искористиш своите зборови за некого да поттикнеш, охрабриш или да искажеш љубов.

Од време на време, ќе го избереш погрешниот пат. Исто како пастата за заби, оној момент коге зборовите ќе излезат од твојата уста, нема да можеш да ги вратиш назад. Затоа користи ги внимателно. Секогаш бирај љубезни. Никогаш нема да зажачиш за тоа“, напишала оваа мајка.„Мојата ќерка тргнува во шесто одделение во основно. И го уредивме шкавчето, и купивме облека и ја изненадивме со нов школски ранец. Меѓутоа,

Пронајдете не на следниве мрежи: