Шумахер ‘во лов’ на историска километража

Loading...

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, кого уште две трки го делат од заминување во пензија, в недела има можност да урне уште еден рекорд.

Германецот ќе се обиде да извози рекорден број на километри во текот на својата кариера.
Неговиот некогашен клупски колега од Ферари, Рубенс Барикело, во текот на кариерата, како Ф1 возач, има минато 80.067 километри, додека Шумахер досега има ‘архивирано’ 80.059 километри.
Доколку не му се случи нешто непредвидено на последните две трки, Шуми ќе стане нов рекордер.
Првата можност ќе ја има веќе во недела на трката за Големата награда на САД, во Остин.
Патеката во Остин е долга 5.513 метри, така што на Шумахер ќе му бодат доволни два круга за да стигне до ново статистичко признание.

Макфакс

loading...
Loading...