Дали треба да имате секс со поранешното момче

Loading...

Немате момче веќе подолго време, а очајно ви се буди потребата за секс. Не сакате да бидете од оние лесни девојки кои ќе сретнат некое момче и без да го знаат спијат со него…Најдобар избор во ваквите ситуации е веќе пробаното. Последното бившо момче е идеален за ваквата ситуација.

 

Наместо да се присетувате на причините поради кои сте раскинале со него, сетете се на тоа колку бил добар во кревет.

Без размислување му се јавувате и се договарате со него да дојде во вашиот дом на пијалак. Но, во еден момент сигурно ќе се запрашате дали е тоа паметно.

Сексот со бившото момче не мора да значи дека е лоша идеја.

Најпрво, не се казнувајте што имате желба за секс, а момчето со кое сте биле долго време и е добар во тоа поле е исто сингл како вас и може да ви помогне. Него го познавате веќе подолго време и нема да ви биде непријатно да имате секс со него.

Но, внимавајте на чувствата. Доколку сте раскинале во скоро време, чувствата може повторно да ви се вратат, без разлика дали се позитивни или негативни.

Во тие моменти, обидете се да бидете свесни дека сексуалната потреба ја крие и емоционалната. Ако овој секс биде одличен, сигурно ќе се збуните и ќе се запрашате зошто воопшто сте раскинале па може ќе продолжите со тактиката „Casual секс”.

Во секој случај, треба да бидете свесни за последиците. Сексот со бившото момче нема да ја промени во ситуацијата во која се наоѓате туку повеќе ќе се чувствувате  празно и неисполнето. Тој нема вечно да биде покрај вас. Како што веќе еднаш заминал, така ќе замине и повторно.

Размислете убаво и наместо секс со бившото момче, подобро е да го одберете ладниот туш.

 

Погледнете ги и следниве статии:

Make up секс има ист ефект како кокаинот

 

Возбудете го за 60 секунди

 

Дали мажите повеќе сакаат девици?

 

loading...
Loading...