Српскиот претседател го аболира Џајиќ

Поранешниот претседател на ФК Црвена ѕвезда, Драган Џајиќ, со одлука на српскиот претседател Томислав Николиќ е аболиран.

Како што пренесуваат српските медиуми, со оваа одлука на претседателот Николиќ е ставен крај на процесот кој против Џајиќ се водеше пред Вишиот суд во Белград.
Легендата на Црвена ѕвезда, Драган Џајиќ, беше уапсен во февруари 2008 година, под обвинение дека заедно со соработниците, од трансфери на фудбалери присвоил околу осум милиони евра.
Со аболицијата на Џајиќ ширум му се отвораат портите, тој повторно да се врати на чело на Црвена ѕвезда.
Џајиќ, во петокот, по оставката на Владан Лукиќ, беше избран за претседател на Работната група, чија задача е да ги санира огромните долгови на клубот, кои изнесуваат 62 милиони евра.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: