Смрт е темата на необичната изложба која се отвори пред два дена во Лондон.
На моменти морбидна (Death: A Self-Portrait) составена од 300 експонати-слики, цртежи, кукли и артефакти од колекцијата на Ричард Харис, американски трговец со уметнички дела кој пред десет години одлучил да се занимава со дела кои ја обработуваат темата смрт.
“Потребно е да се зборува за смртта за да престане да биде табу тема, пред која затвораме очи и ум” – изјави 75 годишниот колекционер.
Меѓу изложените експонати се наоѓаат предмети од разни земји и целта на изложбата е да се покаже како луѓето од различни култури се соочуваат со неизбежното.
Најчудни се секако цртежите на германскиот уметник Ото Дикс кои се создадени во времето кога бил војник на фронт во текот на Првата светска војна, а кои се инспирирани од Гоја и Кало.
Посетителите исто така ќе можат да видат и современи дела како огромниот “свеќник” на британската уметница Џоди Кери кој е составен од 3 илјади коски од гипс.
Пронајдете не на следниве мрежи: