Најмалку 47 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Египет

Во судир на воз и автобус кои минувал преку пругата во градот Манфалут, околу 300 километри јужно од египетската престолнина Каиро, во саботата загинале најмалку 47 а повредени се 13 деца, изјави гувернерот на провинцијата Асиут, Јахја Кешк.

„Бројот загинати се зголеми на 47, а 13 деца се повредени, но ниедно од нив не е во критична состојба. Медицински тим од 45 лекари се грижи за повредените деца“, изјавил гувернерот Кешк за египетската државна телевизија.
Во автобусот имало 60 деца на возраст меѓу четири и шест година, кои оделе на излет организиран од нивната градинка
Според првичните информации, најверојатно не била спуштена безбедносната рампа во моментот додека минувал возот а истовремено на пругата на линијата Каиро – Асуан се нашол и автобусот со децата, во 8 часот утрината по локално време.
Египетскиот претседател Мухамед Морси веднаш им нареди на надлежните министерства да им пружат помош на семејствата на загинатите деца, а властите на провинцијата Асуит наредија да се отвори истрага.
Министерот за сообраќај Рашад ал-Метни веднаш си поднесе оставка, со образложение дека ја прифаќа одговорноста за трагедијата. Претседателот Морси ја прифати оставката и на директорот на агенцијата за железници на Египет, пренесува електронското издание на каирскиот дневен весник Al Ahram.
Египетските патишта и железници не се безбедни и има постојани поплаки дека ниедна влада досега не успеала да обезбеди почитување на основните безбедносни стандарди во сообраќајот што доведува до многу трагедии со голем број жртви. Според последниот извештај на Агенцијата за јавен транспорт на Египет, во сообраќајни и железнички несреќи во 2011 година во земјата загинале преку седум илјади луѓе

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Од поплавите во Хаити загинаа 17 луѓе

Петмина руски туристи загинаа во сообраќајна несреќа во Грција

Најмалку 22 загинати, 60.000 раселени од поплави во Индија

Пронајдете не на следниве мрежи: