Најдобар музички спот е……

Loading...

Иако помина само една десетина од 21 век веќе почнаа да се проценуваат најдобри дела во многу музички категории.

Титулата за најдобар спот и припадна на M.I.A. за песната “Bad Girls”.

“Овој стилизиран спот е среден прст наменет на забраната за жени да возат автомобил во Саудиска Арабија. Во време кога нашите омилени поп ѕвезди се многу срамежливи во однос на друштвените и политички прашања, овој видео запис е вистинско освежување’- изјави Луси Џонс.

Режисер на спотот за песната “Bad Girls” е Ромен Гаврас , а снимен е во Мароко во знак на солидарностна движењето на жените кои се борат за правото да возат автомобил.

Досегашниот период исто така го одбележаа и спотовите за песните “Fell In Love With A Girl” (White Stripes), “Telephone” (Lady Gaga), “B.O.B” (Outkast), “Weapon Of Choice” (Fatboy Slim), “Single Ladies (Put A Ring On It)” (Beyonce) i “Since I Left You” (The Avalanches).

Погледнете го спотот на M.I.A. и проценете дали е навистина најдобар.

 

Погледнете ги следниве статии

Кристина Агилера се врати на сцената со нов спот

Погледнете го новиот спот на Мајара Кери

Најжешки спотови на сите времиња

loading...
Loading...