Запленети 60 килограми дрога во Тирана

Албанската полиција во петокот навечер во Тирана открила и запленила 52 килограми хероин и осум килограми кокаин, јави дописникот на Макфакс.

Во акцијата се притворени четворица албански државкани, меѓу кои и офицерот за антидрога во полицијата Анорил Цани, кој бил и шеф на бандата. При контрола кај нив се откриени поголеми суми девизи, нелегално оружје и повеќе телефонски броеви.

Откривањето на оваа шверцерска група предводена од претставник на полицијата било со помош на прислушување на телефоните на осомничените.

 

Погледнете ги следниве статии

Запленети 100 кг. дрога во Албанија

Запленети над 800 кг. дрога во Албанија

Уште 170 кгр дрога запленети на албанско-грчката граница

Пронајдете не на следниве мрежи: