Работи кои не смеете да правите после секс

Сексот самиот по себе е забавен, но што потоа? Дали да се свртите на другата страна и да заспиете? Дали да разговарате? Повторно да имете секс? Да го оставиме на страна она што би требало да го правите и да разговараме за она што никако не смеете да го правите…
Не критикувајте
Ова е најважното правило во креветот. Никогаш по водењето љубов не го критикувајте партнерот, последиците можат да бидат катастрофални. Веројатно не сакате сексот да стане уште полош или партнерот да почне да го избегнува интимниот чин. Ако при сексот партнерот направил нешто што не ви се допаѓа, вистинското време за да го кажете тоа никако не е за време или веднаш по водењето љубов. Одложете го разговорот за подоцна! Но, никако не премолчувајте, во врската мора да се разговара за сè со цел таа да биде здрава и функционална, но за секој муабет треба да се погоди вистинското време и вистинското место. Креветот по водењето љубов никако не е ниту вистинското место, ниту вистинското време за тоа.
Не земјате во рака мобилен телефон, далечински управувач, книга
ОК. Завршивме со сексот и одиме натаму. Но, ако на памет ви паднало веднаш по интимниот чин да го вклучите телевизорот или да проверите дали имате нови пораки или што има на Facebook на мобилниот – заборавете на тоа! Посветете се уште малку еден на друг, доволно е само да лежите прегрнати еден крај друг.
Никако не станувајте веднаш
Единствен исклучок од ова правило е ако сте имале секс „на брзинка“ и обајцата брзате за на работа, тогаш тоа е оправдано и очекувано. Но, ако станете и си заминете веднаш без никаков изговор, ќе оставите впечаток дека не го почитувате партнерот и неговите емоции.
 
Погледнете ги и следниве статии:
7 најлуди машки фантазии
 
За што размислуваат мажите после сексот?
 
Зошто мажите не ги сакаат караниците
 

Пронајдете не на следниве мрежи: