Червар: Киелце покажа сила и карактер

Екипата на Киелце стави крај на победничката серија на Металург во Лигата на шампиони. Дуелот на екипите кои по четири кола во Ц групата немаа пораз му припадна на полскиот тим со 23:21.

Ракометарите на Металург, имаа игра и резултат се до последните петнаесетина минути, кога играчите на Киелце ‘притиснаа’ во одбраната, го натераа противникот на серија грешки, кои немилосрдно ги казнија.
„Килеце ја заслужи победата, покажаа карактер и цврстина. Жалам што ние успеавме да упропастиме во во последните 15 минути, она што го градевме цели 45 минути. Едноставно не го издржавме притоскот, во финишот почнавме да играме премногу индивидуално, а таквите грешки ривал каков што е Киелце знае да ги казни“, рече тренерот на Металург Лино Червар.
Неговиот колега од спротивната страна беше исклучително задоволен од победата и по се изгледа обебзеденото прво место во Ц групата.
„Ова беше многу тежок натпревар за нас, затоа што игравме пред полни трибини, а и поради патот од 22 часа колку што ми требаше да стигнеме тука. Задоволен сум од играта и резултатот, направивме голем чекор напред“, рече Богдан Вента.
Двајцата тренери не пропуштија да ја истакнат извонредната атмосфера, која ја нарави седум илјадната публика во СЦ Борис Трајковски.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: